Антонио Илиески, дваесет и пет годишниот одбранбен играч доаѓа во ФК Ренова од ФК Кораб Дебар каде ја помина минатата сезона. Досега покрај за Гостивар и Кораб, Илиески играл за Еуромилк и Македонија Ѓорче Петров од Скопје како и за Тиквеш од Кавадарци.
ФК Ренова денес објави дека е потпишан договор и со голманот Игор Алексовски, роден 1995 година. Алексовски настапуваше за Шкупи, а претходно бил член на Вардар и Македонија Ѓорче Петров.