• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
четврток, 22 април 2021
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Slide Slide
Home Актуелно

Градежни активности за спречување на нови одрони на патот кон Бањиче

06/04/2021
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На потегот од  Тетово кон месноста Бањиче општината започна со градежни работи со цел превенција од можни ерозивни процеси од планинско-ридестиот предел покрај коловозната лента, пешачката патека и коритото на река Пена. Со специјална градежна механизаицја се копа на делот од планината каде се појавуваа одрони и се прават каскадни предели за да нема повторно свлечиште на земја.

-Она што се работи сега е е обезбедување на просторот кој досега беше загрозувачки за минувачите. Почнавме со изработка на каскадни делови на тој дел и на тој начин тие критични точки при промена на временските услови каде може да доведат до поголеми одрони и може да направат штета по природа и минувачите. По најкритичната точка во иднина ќе се лоцират деловите каде треба да се продолжи со направи зафатот. Предвидуваме и поголем проект за заштита на овој дел од Бањиче, информира Снежана Новаковска од канцеларијата за односи со јавноста и комуникации при Општина Тетово.

Во текот на зимските месеци во неколку наврати поголеми делови од карпи и големи камења почнаа да се одронуваат и да паѓаат долж патот кон месноста Бањиче близу Тетово, која важи за рекреактивна дестинација за пешачење, трчање и велосипедизам. Вакви одрони имаше и во февруари 2018 година кога не ни можеше да се помине со возило.  Околу месноста Бањиче каде има извори со минерална вода постојат и неколку угосителски објекти, а од минатата година патот е продолжен и до селото Бродец.

Оваа делница се целосно се реконструираше откако во август 2015 година имаше невреме и поплава па целосно се оштети патот. На делови од ридот се изградија потпорни ѕидови кои со текот на годините попуштија, а ерозијата е причина земјата да паѓа врз коловозната лента.

А.С

Поврзани објави

Вести

Не може да влезе со возило во сопствениот двор-реконструираниот тротоар е поплочен повисоко од земјата

21/04/2021
Инфо компас

Книжарницата на тркала на „Антолог“ гостува во Тетово  

21/04/2021
Вести

СВР Тетово:Земјоделската механизација да биде технички исправна и соодветно осветлена навечер за да се избегнуваат сообраќајки

21/04/2021
Вести

Малолетници на 13, 14 и 17 години и странски државјани ноќеска приведени во полициски час

21/04/2021
Вести

Здружението за култура и уметност „Иљо Антески Смок“ од Тетово објави конкурс за најдобра необјавена песна

21/04/2021
Вести

Формиран нов велосипедски клуб „Феникс сајклинг тим“ – Тетово

21/04/2021
Следна објава

Полицијата го расчисти случајот со возачот на „БМВ“

Tetovo, Macedonia
четврток, април 22, 2021
Cloudy
12 ° c
50%
4.35mh
-%
10 c 6 c
чет
7 c 3 c
пет
14 c 2 c
саб
15 c 1 c
нед

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2021 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2021 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!