• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 29 мај 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Градоначалникот Касами најави изградба на фабрика за преработување на отпадот и негово искористување за енергетски цели

23/02/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовскиот градоначалник, Билал Касами најави нов проект кој треба да даде дополнително влијание во справувањето со отпадот заедно со регионалната депонија Русино.  Според него можно е да почне да функционира фирма која ќе работи на преработка на отпадот.

-Менаџирањето на отпадот е комплексно прашање. Јас сум во постојана комуникација со ЈКП, да најдеме  начин за селекција не само за шутот, туку за сите видови отпад. Има неколку  решенија кои се на маса и треба да ги разгледаме и дискутираме.  Тоа може да биде преку самото претпријатие  или ќе одиме преку јавно-приватно партнерство.Имаме и еден друг  голем проект, треба деновиве да се видам со инвеститорите кои бараат градежно земјиште на територијата на општината за да се реализира овој проект кој е за целиот полошки регион.Се работи за изградба на фабрика за преработување на отпадот и негово искористување за енергетски цели, рече Касами денес на прес-конференцијата по повод 100 дена владеење со општината.

За одложената еколошка акција за чистење на Тетово при преземањето на функцијата во ноември 2021 поради трагедијата во Бугарија, сега Касами рече дека најверојатно ќе се одржи во мај.

-Има друг предлог со една невладина организација кои во други градови организираат исти такви акции во првата недела на мај. После Првомајските празници кога луѓето ќе излегуваат на пикник за да и тој дел се менаџира. Сме во размислување и контакт со НВО, да биде првиот викенд после Први мај, рече Касами.

Тој информираше дека се уште се работи на утврдување на состојбите во рамки на Полошки плански регион да се формираат две претоварни станици во Фалише и Боговиње. Според Касами се чека одговор од Општина Боговиње.

ас

Поврзани објави

Вести

ЖФК Љуботен со победа во среда повторно ќе го освои првенството

29/05/2023
Вести

Наградата за најдобра претстава за деца и младинци за „Црвенкапа“ на Летечка театарска трупа-Тетово

29/05/2023
Вести

Вчера од 14 до 19 часот санкциониран 31 мотоциклист, најмногу за немање заштитен шлем

29/05/2023
Вести

Искажани завршни зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово, пресуда на 5 јуни

29/05/2023
Вести

Трет обид за завршни зборови во судскиот процес за обвинетите во модуларната болница

29/05/2023
Вести

ФК Тетекс обезбеди опстанок во Втората македонска фудбалска лига

28/05/2023
Следна објава

Во контрола откриени неисправни сопирачки, неизвршен технички преглед и неисправна опрема кај возила кои вршат јавен превоз на патници

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!