• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Градоначалникот Касами најави нов пат и кружен сообраќај околу викенд населбата на Попова Шапка

19/06/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами информираше дека со стручни лица ја разгледуваат можноста за нова сообраќајница околу викенд населбата на Попова Шапка. Според објавата на општината, градоначалникот заедно со раководителите на секторите за урбанизам, зак омунални дејности, Општинскиот инспекторат, како и проектанти, инженери и геодети во саботата го разгледуваа местото каде е планирано да се отвори нов пат.

-Одблиску го видовме местото каде што е планирано да се отвори нов пат почнувајќи од влезот на Попова Шапка со што би се создал кружен тек и можност да има еднонасочен сообраќај за влез и излез не само во викендичките, туку и слободно движење до туристичкиот дел без пречки и во текот на зимата.Патот покрај викенд куќите ќе биде по сите потребни стандарди и ќе ги исполнува условите за сообраќај на автобуси за странските туристи, информира Биљал Касами.

Според градоначалникот во процедура е и деталниот урбанистички план за Попова Шапка.

-Ние како општина максимално ќе се заложиме овој план што поскоро да им биде достапен на заинтересираните граѓани. Заедно со општинскиот инспекторат извршивме увид и во новоградбите, и вреди да се нагласи дека за разлика од минатите години, годинава притисокот за градење дивоградби и обидот за узурпација на јавен имот е значително намален и лично им се заблагодарувам на граѓаните за нивната учтивост и разбирање, порача Касами.

Тетовскиот градоначалник упати апел до сите кои се заинтересирани за изградба на нови објекти да имаат трпение додека не се изготви деталниот урбанистички план и секој ќе може да изгради објект или викенд куќа согласно закон и правила, исполнувајќи ги сите стандарди.

ас

 

 

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Како лесно да го средите дворот во 3 чекори

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.