Градоначалникот на Тетово Биљал Касами организираше прием за женскиот фудбалски клуб Љуботен, кои минатата недела стана прваци во првата женска фудбалска лига. Тие на приемот го донесоа и шампионскиот пехар што од фудбалската федерација им беше доделен во средата.
-Со девојките од ФК Љуботен, фудбалските шампиони. Тетово е град на спортот и спортските таленти. Нашиот град заслужува соодветен стадион, спортски центар, зеленило и рекреативни спортски места. Ова го ветивме и ќе го исполниме. Честитики за девојките од ФК Љуботен и раководството на клубот, порача градоначаникот Касами.
ЖФК Љуботен стана шампион со вкупно 55 бодови. Во 22-те кола овие 55 бодови се обезбедени со 17 победи и четири нерешени дуели и само еден пораз.