• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 9 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Градоначалникот на Тетово вели дека лично ќе преговара за експропријација на куќи за проширување на булеварот „Благоја Тоска“

11/01/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовскиот градоначалник Биљал Касами вели дека лично ќе се заложи и ќе разговара со сопственици на куќи во градот за да се реши проблем со експропријација за да се реализира предвиденото продолжување на булеварот „Благоја Тоска“.   На трасата почна да се работи во времето на претходната локална власт, пред мостот на река Пена, додека после преминот работите не продолжија.

-Има три куќи кои се на трасата предвидени за булевар и за кои има решенија за експроприција, сопствениците не се задоволни и процедурата е преку суд да се реши.  Јас се надевам до пролет  да се реши, уште немам лично седнато со сопствениците да видиме дали можеме да најдеме заеднички јазик.  Сектор за урбанизам е ангажиран и чекам да достават извештај и ќе го решиме тоа брзо.  Ќе седнам јас лично со сопствениците и се надевам ќе најдеме заеднички јазик. Проектот во моментот кој треба да се реализира е сегмент од болница до средното текстилно училиште, изјави Касами на денешната прес-конференција во општината каде образложуваше план за повеќе паркинг места во градот.

Во август 2021 година започнаа градежни работи за проширување на булеварот. Средствата се обезбедени преку компанијата ТАВ, проект за кој Тетово доби 43 милиони денари. Предвидено е да се обештетат и рушат осум куќи.

Поврзани објави

Вести

Од 7 до 11 часот 29 санкции за непрописно престигнување на територијата на СВР Тетово

09/08/2022
Вести

Лебот достигнува рекордно високи цени, народот се плаши како ќе го купува

09/08/2022
Вести

Ангел Карапетров : Надминати правните прашања за капелата, до 1-ви септември очекуваме да почне со работа

08/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: Нашата заложба за модерно, европско Тетово нема да престане

08/08/2022
Вести

Одбележани 21 година од убиството на десет бранители кај Карпалак

08/08/2022
Вести

Осветен параклис посветен на Света Петка во Лешок

08/08/2022
Следна објава

Од денес повисоки казни за подигнато возило од „пајак-службата“ - зонското паркирање со новите цени од 28 јануари

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.