• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
петок, 19 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result




Home Вести

Градоначалникот на Јегуновце Дарко Блажески со демант на прес конференцијата на ОК ВМРО ДПМНЕ Јегуновце

03/09/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Градоначалникот на Општина Јегуновце Дарко Блажески упати демант на прес конференцијата на ОК ВМРО ДПМНЕ Јегуновце

-Како градоначалник на општина Јегуновце, заедно со советничката група од СДСМ, најостро ги демантираме лагите и манипулациите изнесени на Прес конференцијата од страна на претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Јегуновце и кандидат за градоначалник на општина Јегуновце.

Како градоначалник на општина Јегуновце одговорно тврдам дека сите досегашни одлуки во последниве 4 години се во согласност во законот и се запазени сите законски процедури и правила. Транспарентното, одговорно и чесно владеење се одлика на моето четиригодишно владеење, а така ќе продолжам и во иднина.

На седницата на Советот на општина Јегуновце одржана на 31.08.2021 година не се донесе никаква одлука за јавна набавка, туку Одлука за распределба на средства од Програмата за изградба, реконструкција и одржување на општинска патна мреже и улици за 2021 година, за веќе реализирана јавна набавка пред распишување на локалните избори. Јавната набавка на која се повикува Димитар Костадиноски, е спроведена многу порано пред распишување на локалните избори, односно јавната набавка за Набавка и транспорт на бехатон плочки со соодветна спецификација, за 4.500 м2 е склучена на 01.07.2021 година, а како најповолен економски понудувач е избраната компанијата Ир Транс дооел увоз извоз Тетово во вредност од 1.267.497 денари со влучен ДДВ. Јавната набавка е реализирана врз основа на донесената Пргограма за за изградба, реконструкција и одржување на општинска патна мрежа и улици во општина Јегуовце за 2021 година, изгласани во јануари и април од страна на Советот на општина Јегуновце. На седницата на Советот на општина Јегуновце на 31.08.2021 година, потенцирам не се изгласа никаква јавна набавка, туку само Одлука за распределба на средства од програмата што претходно беше изгласана. Во целост е запазен и испочитуван Изборниот законик и изборните услови и правила за спроведување на јавни набавки.

Му препорачувам на Димитар Костадиноски пред да изнесе јавно лаги и невистини, да го прочита Изборниот законик и да се запознае со изборните правила. Доколку навистина сакаше Советничката група на ВМРО ДПМНЕ да реагира по предлог точката тоа ќе го стореше, но никој од Советниците од ВМРО ДПМНЕ и другите Советници не побараа повлекување на точката од дневен ред, туку треба да знае дека мнозинство советници од повеќе политички партии (10) вклучувајќи и советник од коалициската партија на ВМРО ДПМНЕ ја поддржа точката и гласаше За. Димитар Костадиноски нека ги запраша своие партиски колеги дали целта на овие изнесени лаги е да се заштити себеси и да ја задржи својата позиција во ОК ВМРО ДПМНЕ Јегуновце. Димитар Костадиноски треба да се засрами од елементарното непознавање на процедурите и како вработен во општина Јегуновце треба да биде пример пред сите за едуцираноста со законските процедури и правила, особено за изборен процес, а не да изнесува јавно информации кои немаат никаква елементарна поткрепа и да ја извртува вистината. Самиот поразен од неможноста што советници од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ му завртуваат грб и носат исправни одлуки во корист на граѓаните, а не на партиските апетити на Димитар Костадиноски.

Граѓаните имаат право да ја знаат вистината и да не потклекнуваат на лагите изнесени од страна на ВМРО ДПМНЕ Јегуновце. Димитар Костадиноски исплашен од слабиот личен, но и партиски рејтинг и стравот од катастрофалниот пораз што го чека на локалните избори, се обидува без факти и аргументи да ја лаже јавноста, но и своите партиски членови.

Јас како градоначалник на општина Јегуновце секогаш, па и сега сум подготвен да одговарам за постапките.

Апелирам до Димитар Костадиноски доколку навистина смета дека одлуката е спротивна на Законот да поведе постапка до соодветните институции, а јас секогаш сум подготвен да одговарам за сите мои постапки пред надлежните институции, се вели во демантот на Блажески. 

 

Поврзани објави

Вести

Почина 23 годишната девојка од Сараќино која како пешак тешко беше повредена на 15 август во Тетово

19/08/2022
Вести

Пешак на 80 години тешко повреден на улица во Тетово

19/08/2022
Вести

Приведен 60 годишник од Седларево за пукање на свадба

19/08/2022
Вести

Илија Димовски: Со победата на ВМРО ДПМНЕ во Тетово се најавува политички пресврт во Македонија

18/08/2022
Вести

Завршна конвеција на СДСМ во Тетово, Димитар Ковачевски со поддршка на иницијативата Тетово сака парк

18/08/2022
Вести

Јане Ченто: Tетово заслужува луѓе кои ќе го направат модерен и современ град

18/08/2022
Следна објава

Во август казни 1694 за различни видови сообраќајни прекршоци во тетовскиот регион

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.