• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Градочалникот Касами со најава дека ќе продолжи пробивањето на булеварот „Благоја Тоска“

09/05/2022
во Вести, Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетово има само четири булевари кои почнуваат или завршуваат несуштински на крстосници со двонасочни улици или има прекин на дел од коловозните ленти, па на тој начин тие места веќе долги години претставуваат таканаречени црни точки, каде има огромен сообраќаен метеж.

Исто така долго време траат најавите на локалните власти дека булеварите ќе се продолжат, односно пробиваат со цел да има подобра патна инфраструктура.

Минатото општинско раководство на крајот од мандатот го почна пробивањето на булеварот „Благоја Тоска“ кај болницата, но градежните работи прекинаа.

Сегашниот градоначалник тврди дека досега го надминувале нерешениот и наследен проблем со експропријација на имоти на три семејства каде треба да помине трасата од булеварот. Најавува дека месецов ќе продолжат градежните работи.

-Тоа што остана три граѓани кои не беа решени, иако претходната гарнитура имаше дадено изјава дека ги има решено сите проблеми со експропријација, ние се соочивме со три граѓани со три предмети кои не беа решени. Ги решивме и тие, и веќе е даден налог да се продолжат работите.Дадено е налог на компанијата да продолжи со работа. Пуштено е барање до полиција, до ЕВН, работата е во координација со сите овие фактори, изјави Биљал Касами. 

Дека има потреба од повеќе улици и булевари говорат и искуствата на сообраќајната полиција.  Лошата комбинација на малку улици и голем број возила резултира со постојаниот сообраќаен метеж и хаос низ градот.

-Имаме мала и тесна инфраструктура а голем број на регистрирани возила. Само илустративно околу 46 илјади возила регистрирани во 2021 година. Ако го земеме приливот на возила во летен период оние наши граѓани што доаѓаат од странство тогаш можете да претпоставите за каква гужва се работи, изјави  Зоранчо Талев, командир на сообраќајна полиција

Булеварите „Илинденска“ и „Видое Смилевски Бато“ се пресечени со двонасочни улици и таka среде град завршуваат овие сообраќајници. Само булеварот Маршал Тито почнува или завршува соодветно во насока на автопатот кон Скопје. 

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Вести

Дваесет и седумгодишна тетовчанка пријавила каснување од бездомно куче

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Следна објава

„Втор Лешочки камерен фестивал“- трите фестивалски вечери низ призмата на музикологот Соња Андонов

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.