Со јубилеен концерт градскиот женски младински хор „Менада“ ќе одбележи 40 години од основањето. Хорот е основан од диригентот професорот Ивица Зориќ во 1981 година со цел таму да продолжат да бидат активни членките кои дотогаш биле дел од детскиот хор „Лале“, инаку формиран 1977 година. Така започнува четири децениското опстојување на хорот каде членувале и настапувале илјадници хористки.
-Тие 40 години значат многу волја, многу љубов, многу ангажман многу патувања. Во хорот настапувале неколку илјади хористики. Сега во хорот пеат деца на поранешни хористки. Сме имале преку 1300 концерти, а над 500 композиции имаме испеано, сме посетиле 21 држава. Сите можни награди се освоени во Македонија, многу меѓународна награди се добиени. Настапи имае со Македонска филхармонија, со Камерен оркестар, со многу диригенти. На овој начин се негува и продолжува богатата хорска традиција на град Тетово која е започната уште во 19 век. Обврска е и долг кон идните генерации да се одржува хорската традиција. Голем број македонски и странски композитори посветиле композиции на хорот, изјави основачот и диригент Ивица Зориќ.
Јубилејниот концерт е закажан во сабота 18 декември 2021. Ќе се одржи во салата на управната зграда на Музејот на тетовско крај, поранешен Дом на Армијата со почеток во 19 часот.
ас