• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Градските улици се поплавуваат кога има малку пообилни дождови, каква атмосферска канализација има во Тетово ?

04/06/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Поплавените улици по секој пообилен дожд како минатата недела се поради неквалитетна и фушерски направена канализација во изминатите децении, револтирани се жителите на Тетово. Особено тоа се случува кај касарната каде редовно има поплавување на дворовите и подрумите на куќите, по речиси секој подолготраен дожд. Тетово е бетонизирано, водата не наоѓа земја да пропадне,велат соговорниците.

-Наназад 15 до 20 години е истата мака  Од кога направија ѕидови овде покрај касарната, нема кај да оди водата, канализацијата, цевки не можат да постигнат, тоа се се излева. И нон-стоп има поплава. Шахтиве се запушени, нема ни една шахта читава, се се запушени, се водата на улица останува, после кога се суши смрди, не можеш да дишеш овдека, изјави Златко Зафировски.

Улицата „Гоце Делчев“, иако минатата локална власт лани целосно ја реконструираше со се подземната инфраструктура, исто така се соочи со поплава, односно атмосферската канализација не ја апсорбира надојдената вода.

-Канализацијата не е саглам наместена.Вода и фекалии све излага. Канализацијава сега е есеноска е правена, изјави Коца Наумовска 

Изминатите 20-тини, Тетово во три мандати го водеа градоначалници од ДУИ, како и нивните сегашни коалициони партнери од ДПА.  Градоначалникот Биљал Касами тврди дека треба да ги поправи сите грешки на неговите претходници- граѓаните му укажале на проблеми несвојствени за еден град.

-Тоа се две работи кои се поврзани за жал, испреплетени, тоа е атмосферската и фекалната канализација. За жал не знам дали има во друго место, во Тетово, во многу делови од градот, атмосферската се прелева во фекалната, односно фекалната во атмосферската. Сега за решавање на тој проблем веќе работиме интензивно заедно со Министерството за екологија и мисија на ЕУ во Скопје за реализација на еден капитален проект кој е над 30 милиони евра за решавање на проблемот со фекалната канализација, изјави Биљал Касами.

Голем дел од градските улици не ни имаат атмосферска канализација.

 

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Ноќен турнир во мал фудбал - РАТАЕ 2022

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.