• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Граѓаните се соочуваат со дупки по многу тетовски улици

Улицата „Љубо Божиновски-Пиш“ една од оние кои се во полоша состојба, а интересно е сведоштвото на овдешните жители дека вака е со децении. Односно од кога е изградена улицата никогаш не било интервенирано барем да се пополнат, а камоли да се смени целиот асфалт.

23/05/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Многу улици и тротоари во Тетово се полни со дупки па граѓаните редовно се мачат движејќи се со возилата кои често знаат и да се оштетат поради тоа.  Најтешко е при дождливо време кога се полни со вода па речиси неизбежно е удирањето на возилата и кршењето на некои делови.

Улицата „Љубо Божиновски-Пиш“ една од оние кои се во полоша состојба, а интересно е сведоштвото на овдешните жители дека вака е со децении. Односно од кога е изградена улицата никогаш не било интервенирано барем да се пополнат, а камоли да се смени целиот асфалт.

Дупките остануваат иако локалната власт многу пати се сменила, порачуваат жителите на Тетово.

-Улицава наша е значи од 50 години, сум тука од кога сум дојден тука никогаш не е поправена. Нашиот град е катастрофален, на сите улици, не само на оваа, ама оваа е изгледа преоптоварена и уништена. Цело Тетово е ископано е, асфалти не постојат, дупка до дупка е, изјавија во анкета жителите на Тетово.

Градоначалникот Биљал Касами по преземањето на власта во декември 2021 спроведе итни мерки на неколку улици, па најави дека оваа пролет интензивно ќе продолжи реконструирањето на оштетените улици кои ги наследи по двата мандати од претходната градоначалничка.

-Сме во фаза да се избере компанија која ќе реализира и пополнување на дупките и репарирање на асфалтот. Ние работиме не сме застанале, во овој момент кога разговараме веќе сме во фаза на реновирање на репарирање на една таква улица. Во текот на годината ќе продолжуваат по интензитет кога ќе ја избереме компанијата која ќе ги продолжи работите,изјави Касами.

Поради големи оштетувања целосна реконструкција се прави и на важна сообраќајница- улицата „Страшо Пинџур“ која од плоштадот води во правец кон регионалниот пат од Тетово кон Јажинце

Минатата недела започна и најавеното пробивање на булеварот „Благоја Тоска“ што претходната власт го започна минатата година. Оваа е една од главните идеи како да се подобри сообраќајниот проток во градот.

 

Поврзани објави

Вести

За неправилно паркирање 2430 казни за шест месеци во Тетово

28/06/2022
Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Следна објава

За прв пат пригодно одбележување на Свети Кирил и Методиј во медицинското училиште

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.