Уште неколку апликации за инвертер-клима уреди ќе бидат можни за граѓаните на Тетово со оглед дека предвидените средства за субвенционирана набавка не се во целост потрошени.
Домаќинствата кои се пријавуваа на повикот на општината од 11 август претежно набавувале инвертер-клима уреди со помала вредност од максималниот износ од 62 илјади денари. На тој начин се собираат средства за повторно да има доделување на субвенции за граѓаните.
-Комисијата се уште не ги има завршено постапките за да види за кој број ќе се повтори повикот за за субвенционирано снабдување со инвертер-клима уред. До крајот на оваа недела ќе се знае точно дали ќе има, колку ќе има и како ќе течат постапките. Пред крај е со исплатите за тие што добиле и ќе се прави резиме колку од тие што аплицирале не ги исполниле условите, информира Беким Мемети, претседател на општинскиот Совет.
На 11 август Општина Тетово го објави јавниот повик до граѓаните за пријавување за субвенциорнирање за набавка и монтирање на инвертер клима уреди за 2020 година согласно владината одлука од декевмри 2019 за спроведување на мерки за унапредување на животната средина. Според јавниот повик, вкупно 1500 домаќинства ќе бидат субвенционирани согласно принципот „прв дојден прв услужен“.
Првиот повик траеше до 3 септември. За да добијат субвенција за инвертер-клима освен соодветна документација, граѓаните требаше да предадат печка на јаглен, дрва или нафта.
А.С