• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Граѓани кои немаат извод на родени тешко може да добијат ваков документ и покрај новиот закон за лица без документи за идентификација

20/04/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општина Тетово беше домаќин на Министерството за труд и социјална заштита на денешната инфо средба со цел информирање согласно новиот закон за лица без документи за идентификација.

Ваквите инфо средби кои ќе ги има во сите градови се потребни за да се објасни и на институциите и на граѓаните како оди постапката за добивање на извод на родените со матичен број кај возрасни луѓе кои досега не биле евидентирани во книгата на родени. Законот предвидува прво добивање на ткн. евиденциски број па потоа редовен матичен број.

-Со овие инфо средби со претставници на Министерството правиме обука и доинформирање на граѓаните и институциите на локално ниво, Центар за социјална работа, матична служба, МВР, во однос на одредбите од новиот закон за евиденција на неевидентира лица во матична книга на родени.  Во Тетово има 33 случаи, досега останаа 10 кои немаат упис на раѓање. Целта е сите овие лица кои ќе добијат посебен извод на родени, посебна идентификациона исправа веднаш по службена должност надлежните ресори да превземат обврска за понатамошен упис во редовната книга на родените, изјави Елвис Мемет, советник во кабинетот на премиерот.

Дел од граѓаните присутни на инфо средбата истакнаа дека постапката е комплицирана поради тој евиденциски број. Проблемите настануваат затоа што вработените во институциите не се запознаени со постоење со тој евиденциски број за луѓето без лични документи.Таков пример е на Џеват Красниќи кој добил евиденциски број но во болница не ни знаеле за таков вид на идентификациска исправа и го сметале за лице без документи и како таков не може да оствари прави на здравствена заштита.

—

-Заведен сум во книга на матични ама како вчера да сум роден. Идам кај докторите, ми вика колку години си. Им велам 26.6.1976 сум роден. Абе вика како завчера да си роден овде пишува две години три да имаш. Таков матичен имам, изјави Џеват Красниќи.

Законот е од пред две години, а околу 700 луѓе низ цела држава се уште се борат да добијат документи. 

Претставниците на државата истакнаа дека поради пандемијата дури сега се прават инфо настани за информирање и на институциите и на граѓаните.

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Се одржа комеморација за тетовскиот театарски актер Миодраг Николиќ-Панта

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.