• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Граѓани не можат да земат сообраќајни дозволи во Тетово

Дел од граѓаните добиле објаснување дека се чека на нови сообраќајни дозволи на кои наместо Република Македонија, треба да стои Република Северна Македонија.

22/09/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Извесен период граѓаните во Тетово се соочуваат со неможноста да добијат нови сообраќајни дозволи за своите возила, откако се потрошиле сите такви книшки.

Возачите се соочиле со проблемот кога им се пополниле шестте предвидени места во книшките на кои Министерството за внатрешни работи (МВР) става печат и потпис за валидност по извршен технички преглед и осигурување.  Ваков проблем имаат и оние кои купиле нови возила па сега не можат да добијат ниту сообраќајни дозвола ниту регистерски таблици.

Исто така, нови сообраќајни дозволи нема ни за оние кои менуваат сопственоста на возило или место на живеење. Дел од граѓаните добиле објаснување дека се чека на нови сообраќајни дозволи на кои наместо Република Македонија, треба да стои Република Северна Македонија.

Од МВР информираат дека во целата држава редовно се издаваат сообраќајните дозволи и дека во Тетово постои проблем од технички карактер.

-Станува збор за технички проблем што е надминат и во најскоро можно време треба да продолжи редовното издавање на сообраќајните дозволи на подрачјето на Тетово, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Сообраќајните дозволи во МВР ги работи посебен оддел за управно-правни работи.

А.С

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Дваесет и девет годишник пријавил каснување од бездомно куче

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!