Граѓанската иницијатива „Подобро за Тетово“ информираше дека во деновите од викендот нивните активисти спровеле акции за собирање на расфрлен смет на неколку места во регионот кои се сметаат за излетнички и туристички места. Фрлен отпад се собираше долж патот кон тетовското Кале, кој служи како патека за трчање и пешачење на голем број тетовци како и во излетничко место близу Попова Шапка.
-Еве еден позитивен пример од нашиот активист – маратонецот Адем Селмани, кој чистеше пластични шишиња и кеси во Тетовското Кале. Наши активисти и неколку кандидати на листата за советници од иницијативата „Подобро Тетово“ спроведоа акција за чистење на отпадот од пластични кеси и шишиња во делот на излетничкиот парк кај Попова Шапка. За неколку часа се собраа 66 вреќи ѓубре. Да ја чуваме чиста животната средина, подобро за нас – подобро за Тетово, порачаа од иницијативата.
Граѓанската иницијатива „Подобро за Тетово“ минатата недела почна да собира потписи од граѓаните на Тетово со цел да понуди листата со 31 кандидат за советници во Советот на Општина Тетово. Токму чистата животна средина и екологија е една од трите главни насоки за залагање и дејствување на оваа иницијатива.
А.С