Граѓанската иницијатива „Подобро за Тетово“ од денес започна да собира потписи од граѓаните на Тетово со цел листата со 31 кандидат за советник да се поднесе до Државната изборна комисија за вонредните избори за Совет на Општина Тетово на 20 август. Листата ја предводи Елмедина Абдулахи, а потребни им се 350 потписи од жители на општината за да учествуваат на изборите.
-Ние повторно се кандидираме со 31-кандидат за советот на град Тетово, тука сме да кажеме дека повторно ќе се ангажираме за да ги завршиме сите почнати работи и процедури кои треба да се довршат. Ни треба поддршка со потпис, сите тие граѓани што сакаат да не поддржат можат да дојдат во канцеларија број 41 тука во Општина Тетово да се потпишат. Канцеларијата работи секојден од 8 часот до 19 навечер,сабота и недела и празници, изјави Абдулахи.
Од иницијативата велат дека голема е застапеност на жените, но немаат етничка разноликост, односно нема кандидати Македонци и Роми.
-Се залагаме за тоа што се залагавме и прошлиот пат. Сега сме во подобра позиција бидејќи не знаат кои сме луѓе и со тоа што одеа онлајн сите состаноци ние имавме можност да се докажеме пред граѓаните дека стоиме на тоа што сме кажале пред избори. Овој пат јас ќе бидам носител на листата. Тоа не значи дека некој вреди повеќе од другиот, сите 31 профили во листата можат слободно да бидат како носители, но бидејќи сакавме да покажеме дека имаме успешни и многу борбени жени во град Тетово се обидовме максимално да ставиме колку повеќе жени на листата. 45 посто се жени. Имаме од турска националност, контактиравме со сите други, и со Македонци и со Роми, но за жал не успеавме да најдеме кандидат. Имаше отворен повик, сите кои сакаа да се пријават можеше да се пријават преку веб страницата. Имавме и контакти индивидуални, но тоа е резултатот, изјави Абдулахи.
Оваа граѓанска иницијатива на локалните избори минатата година освои две советнички места.
ас