Оштетена е грпката (ткн. лежечки полицаец) направена од градежен материјал и бетонски плочки поставена минатиот викенд на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ познат како Инудстриска улица во Тетово. Делови, односно бетонски плочки се одвоени од целината и се наоѓаат по коловозот. Не е познатото дали оштетувањата настанале од преминување на возилата или некој тоа намерно го направил, но има реакции на јавноста поради опасностите од предизвикување на проблеми кај возилата.
-Индустриска стана скокалница. Насекаде скокаме со возилата по оваа улица. Сега уште повеќе нема безбедноста на оваа улица, се коментарите на граѓаните на Тетово на социјалните мрежи.
По поставувањето на ваквата грпка на социјалните мрежи се објавија и видеа на кои се гледа како возила кои удираат во грпката па отсконуваат. Поради брзото возење и смртни случаи на булеварот Општина Тетово најави дека покрај грпки ќе преземе и други активности за подобра безбедност на пешаците. По поставување на грпките и реакциите на јавноста општина Тетово постави вертикална сигнализација со знаци дека има препрека на улицата. Се планира и ограда на средина од булеварот за пешаците не преминуваа преку булеварот вон пешачките премини
А.С