• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Дали тетовските села ќе наликуваат на напуштените региони како Мариово и Порече, поради иселување на младите и тоа што нема кој да работи земјоделство

26/04/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Ако нема подобри услови и помош од државата многу рурални области ги чека судбината на Мариовско и Порече, затоа што младите ги нема да ја продолжат семејната земјоделска традиција. На таква опасност алармираат  тетовските земјоделци во селата во областа наречена Поселие.  Само постарите луѓе работат земјоделие, а помладите заминуваат во странство или наоѓаат работа во други места и градови и трајно се иселуваат

-Се што нема луѓе, се власта го прави, државата го прави, никој други. Никаква стратегија нема за младите. Тоа е тоа. Тоа е опасна работа. Ако немаш млади во село, немаш ништо. На тој начин ќе бидеме бетер од Порече. На тоа одемо ние. Селото е празно- Раотинце. Да идеш ноќе има да се исплашиш, а не да мислиш дека има луѓе. Којзнае еден човек дали ќе сретнеш по пат,  изјави Трпко Ѓорѓевски, земјоделец од Раотинце. 

Тешко се остварува заработка и добра езгистенција па затоа младите не се нафаќаат да работат во оваа дејност.

-Сум имал 5-6 крави, има 5-6 године дека сум ги откажал.Зошто нема профит да речам и на тој начин сум ги откажал. Сега минимално живкарам да речем тоа е, само да се најдеш во работа, вели тетовскиот земјоделец. 

Во овдешната општина Јегуновце велат дека државата би можела да помогне со повеќе инвестирање во инфраструктурата.

-Владата да ни даде поддршка во изнаоѓање на решенија од инфраструктура, односно правење на тие полски патишта, или правење на тие канали или бразди што овде ги викаат нашите сограѓани за наводнување, изјави Димитар Костадиноски-градоначалник

Градоначалникот порачува – државата да најде сили да го поддржи земјоделието за да се произведува храна која од ден на ден се потешко ќе се обезбедува. 

Александар Самарџиев за ТВ Алфа 

Поврзани објави

Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Вести

Платите на вработените во Општина Тетово ќе се зголемат за 2800 денари најави градоначалникот Касами

24/06/2022
Вести

СВР Тетово: Пајак службата ќе работи еден час повеќе односно до полноќ

23/06/2022
Следна објава

На тетовец му нашле марихуана, а му го одзеле и возилото поради истечена регистрација

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.