• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Дардан Дехари е прв тетовец што ќе оди на зимски олимписки игри

28/01/2022
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Зимските олимписки игри во Пекинг се историски за Тетово бидејќи за прв пат тетовец ќе настапува на најпрестижното натпреварување во зимски спортови.  Tоа му успеа на скијачот во алпски дисциплини Дардан Дехари, кој на Олимпијадата ќе настапи на 13 и 16 февруари на трките во слалом и велеслалом.

Дардан е роден во 1990 година во Тетово, а скијањето го научил како дете уште на четири години на блискиот скијачки центар Попова Шапка. Дардан Дехари сподели дека на овој начин му се исполнува најголемата желба да учествува на зимските олимписки игри што му претставува и голема лична сатисфакција за вложените напори во ова спортување.

-Се чувствувам исполнето, бидејќи сум бил на сите скијачки натпреварувања. Зимската Олимпијада е најголем предзивик за секој спортист особено за индивидуалните спортови. Но, ништо не е случајно. Да се постигне, да отидеш на Олимписки игри тоа не е случајно, никој не може случајно да стигне до таму. Треба многу работа, треба многу труд, за да се стигне и да се учествува на зимска Олимпијада. Воедно во вакви спортови прашање е дали ќе се оствари бидејќи е спорт во кој се појавуваат и повреди и така. Не секој може да го доживее ова, а се состои од многу работа, тренинзи но и среќа, вели Дардан.

Тој ќе настапи во трките во алпските дисциплини на 13 февруари во велеслалом и на 16 февруари во слалом.  Објаснува дека во овој спорт каде важни се стотинките, големо достигнување е самото учество на Олимпијадата со оглед на условите кои ги има за спортување и тренирање во Северна Македонија.

-Учество е најважно таму. Резултатот е нешто друго веќе бидејќи е значаен патот да го постигнеш до Олимписките игри тоа е најбитно и тоа вреди. Сум скијал за тоа цел живот, сум го барал тоа, и ете Господ даде шанса, рече тетовскиот скијач.

Попова Шапка е местото расадник на илјадници скијачи, па Дардан се радува што е првиот што ќе покаже дека секој таков спортист кој се труди може да ја достигне целта наречена учество на олимписки игри.

-Јас научив да скијам на четири години. Па со натпревари на државно ниво почнав на седум години. Во моетото детство идол ми беше Херман Маер, тоа беше скијачот за кој зборуваше целиот свет и така ни беше идол на сите. Сега со пласманот на Олимпијадата, мразот е скршен, патот сега е полесен за другите, рече Дехари.

Пласманот на зимски олимписки игри Дардан го постигна согласно поените евидентирани во ФИС -Светсктаа скијачка федерација во дисциплините слалом и велеслалом.  Рангирањето на листата го има постигнато со неговите настапи на слалом и велеслалом трки во повеќе балкански земји.

-Имаше рок на собирање на поени.Се собираат поени од пет неделни трки во последните две сезони. Пресекот на тие пет трки се смета како ФИС листа за Олимписките игри. Од таа ФИС листа јас бев најдобар од другите кандидати од Македонија што беа за Олимписките игри со 58 ФИС поени, да потсетиме дека во на оваа листа што помалку имаш тоа подобро, се сметаат како пенали.  Најдобриот на светот има нула поени и после одат нагоре со поените. Во сезона 2021/2022 постигнав добри резултати приближни на тие лански резултати и успеав да поправам нешто оваа година. Оваа година поправив својот резултат, го објаснува Дардан патот до Олимпијадата.

Тој од октомври 2021 се подготвува со скијање на глечери во Австрија, по што продолжил со трките во Босна и Херцеговина и Црна Гора.

-Беа многу добри трки за поени и добра конкуренција имаше. На тие трки скијав добро, имав неколку места во првите десет. Во Црна Гора освоив најдобро, второ место. Трениравме сега и на Попова Шапка неколку дена, да темпираме форма на Олимписките игри да бидеме што поспремни.  Мислам дека нема да биде проблем и таму да ја завршиме трката што е најважно, а пласманот кој ќе биде тоа ќе видиме. На Попова Шапка се тренира неколку дена, пред да се оди во Кина, мора да се биде дома во државата. Имавме добри услови за тренинг, вели Дехари.

На Олимпијадата Дардан е еден од тројцата скијачи кои ќе настапат. Ќе оди заедно со скијачите од норидските дисциплини, Ана Цветковска и Ставре Јада. Дардан и Ана ќе ја бидат знаменосци на свеченото отворање на Олимписките игри.

-Тоа е голема чест за мене, да го носиш знамето, тоа е чест за секој спортист да го носи знамето од својата држава на Олимпијада, а и затоа што Олимпискиот комитет го одбира и најдобриот да го носи знамето.  Во Пекинг одам заедно со мојот тренер Антонио Ристевски кој е поранешен скијач. Со него сме 20 години заедно по Европа, на трки и настапи, се знаеме и се разбираме многу добро и одлично функционираме. Се оди најдобро како тандем, објаснува Дардан Дехари.

Македонските претставници на Олимпијадата заминуваат во недела 30 јануари. Зимските олимписки игри во Пекинг започнуваат на 4-ти и траат до 20 февруари.

ас

Поврзани објави

Вести

Жителите на Тетово бараат трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња

18/01/2023
Теми и интервјуа

Евентуалната дислокација на објектите ќе предизвика хаос со игрите на среќа

02/01/2023
Теми и интервјуа

Надир Мурсели: Планинарењето почнува и треба да заврши дома, да се вратиш здрав и жив

31/12/2022
Теми и интервјуа

Во Тетово ретко се почитува Законот за заштита од пушењето, се пуши и во болнички простории

18/12/2022
Теми и интервјуа

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа 55 победи во 2022 година

12/12/2022
Теми и интервјуа

Пензионираниот доктор Џеки со мини-амбуланта во автомобилот, брзата интервенција спасува живот

04/12/2022
Следна објава

Пожар во Колтук

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.