• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Даријан Сотировски покрена постапки за тоа што на семејствата им се наложува починати од Ковид-19 да ги погребуваат само во нови гробни места

09/11/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи покрена постапки пред соодветни установи поради наметната обврска на семејствата во Тетово кои имаат починати од Ковид-19 да бидат погребувани само во нови гробни места, а не во семејните гробници. Тој вели се одлучил на ваков потег бидејќи таква обврска не постои со постоечките законски одредби и уредбите поради пандемијата и затоа што претставува нарушување на верските права и чувства.

-Како тетовчанец со споделена загриженост денес разговарав со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кого го информирав дека од нашата проверка околу закопот на починатите од Ковид 19 низ државата, за разлика од други градови во Тетово и Гостивар истиот се спроведува задолжително во нови гробни места, а не во семејните гробници со вековна семејна традиција. Побарав од министерот кој е надлежен за ова прашање рамноправен третман и ревидирање на истото. Министерот ме информираше дека таква одлука не е донесена и дека со почитување на протоколите за заштита погребалниот оператор може да го изврши закопот во семејниот гроб, изјави Даријан Сотировски.

Тој испратил пријави до соодветните инспекторати и Министерства.

-Денес испратив претставка и до Државниот комунален инспекторат и до Министерството за транспорт и врски со кои барам итно постапување. Министерството преку надлежниот инспекторат ќе бара од операторите да го овозможат ова право на граѓаните бидејќи се стекнале со лиценца, која покрај права, подразбира и обврски. Изразувам благодарност на министерот за разбирањето. Сметам дека траумите кои ги поминуваат семејствата се секако големи, па закоп на член на семејството на друго место во услови на изолирани посмртни останки со адекватен материјал е непотребно и предизвикува дополнителна вознемиреност, изјави Сотировски.

Писмено барање од негова страна за преиспитување на ова прашање на 4 ноември е испратено до Главниот координативен кризен штаб на Владата.

А.С

Поврзани објави

Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Вести

Платите на вработените во Општина Тетово ќе се зголемат за 2800 денари најави градоначалникот Касами

24/06/2022
Следна објава
бензин горива нафта

Повисока цена за бензините, дизелот со ист износ

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.