• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Дваесет годишник неуспешно бегал од полиција, фатен со марихуана

18/04/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Ноќеска во Тетово полицајци фатиле 20 годишник откако тој почнал да бега кога бил запрен за контрола.  Тој бил лишен од слобода околу 1 часот и 10 минути на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово.

-Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 20-годишниот тетовец М.М. затоа што при негов и преглед на патничко моторно возило „сеат ибица“ со гостиварски регистарски ознаки, што тој го управувал, а во кое се превезувале уште три лица, била пронајдена марихуана. М.М. претходно не застанал на даден знак од полициските службеници, се обидел да избега, но брзо бил фатен. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Други двајца поради марихуана се приведени вчеравечер околу 23 часот на влезот во тетовското село Сараќино.  Полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода двајцата жители на тоа место откако при преглед на возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, била пронајдена марихуана. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка, а им било одземено и возилото бидејќи не било регистрирано повеќе од шест месеци.

Поврзани објави

Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Следна објава

Откриени 13 возачи кои возеле без положен возачки испит и валидна дозвола

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.