Министерството за здравство информира дека во тетовскиот регион во изминатото деноноќие две лица на возраст 78 и 76, се починатри вон болнички услови. Кај едниот од починатите Ковид-19 е дијагностициран постмортем. Сега вкупно на тетовското подрачје се бележат 58 починати лица од Ковид-19.
Од најновите 120 случаи во тетовско се 14. Од нив 11 во општина Тетово, и по еден во населените места во општините Боговиње, Брвеница и Јегуновце. Од 125 оздравени во Македонија, 30 се од тетовскиот регион. Вкупно заболеле 789 лица, од кои активно болни се 373 лица.