Министерството за здравство информира дека од 12 починати лица низ Македонија, двајца се од тетовскиот регион. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни починал пациент од Тетово на возраст од 49 години, додека во тетовската клиничка болница пациент на 62 годишна возраст. Вкупно сега во тетовско според Институтот за јавно здравје има 52 починати лица.
Од вкупно 868 тестирања, а регистрирани се 132 нови случаи на ковид-19 во тетовско има 19. Вкупно дијагностицирани се 681, а активни 366.
-Од најновите 19 случаи во тетовскиот реион во општина Тетово има 13 нови заболени со Ковид19, двајца од општина Боговиње и по еден од општините Желино, Јегуновце, Теарце и Брвеница, соопшти денес Центарот за јавно здравје од Тетово.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира оздравени 112 пациенти од кои 16 во нашиот регион.
Состанок денес одржа Кризниот штаб при општина Тетово од каде информираат дека во тетовската клиничка болница има 12 пациенти кои се на кислородна поддршка.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6209, бројката на оздравени пациенти е 2427, на починати е 298, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3484.
А.С