• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Двајца приведени поради напад врз вработен од Градски паркинг Тетово

27/04/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

За физички напад врз вработен во тетовскиот градски паркинг вчера полицијата приведе двајца мажи едниот од скопски Грчец и еден од тетовски Групчин. Нападнатниот е 50 годишник кој самиот го пријавил инцидентот во тетовската полиција

-Полициски службеници ги лишиле од слобода Р.Л.(36) од скопски Грчец и Н.Б.(67) од тетовски Групчин, кои биле пријавени од 50-годишниот С.М. од тетовска Шипковица, вработен во Градски паркинг Тетово, дека физички го нападнале и го попречувале во извршување на работните задачи. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им биде изготвен соодветен поднесок информира СВР Тетово.

Од ЈП “Градски паркинг” во информација до медиумите посочуваат дека нападнати биле двајца вработени.

-Потсетуваме дека нашата работа и обврска е да воспоставуваме ред во сообраќајот и паркирањето во градот, што е важно за безбедноста на сите. Замолуваме несоодветното однесување на поединци да запре, да се почитуваат правилата и сите заедно да придонесеме за поголем сообраќаен ред кој сите ние го посакуваме, се вели во нивното соопштение.

Годинава ова е четврти инцидент со напади врз вработените во градски паркинг. 

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Изгоре објект во близина на автобуската и железничката станица

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.