Двајца тетовци на 27 и 28 години пријавиле во полицијата дека околу 17 часот вчера биле нападнати од група од петмина други жители на градот. Полицијата за речиси два часа ги нашла сите учесници во настанот, а ќе поднесе пријава за насилство.
-Л.Д.(28) и А.М.(27) од Тетово во СВР Тетово пријавиле дека околу 17 часот во Горна Чаршија во Тетово физички биле нападнати од А.Е.(24), С.С.(24), Б.Ш.(30), А.Ф.(19) и А.Ј.(27), исто така, од Тетово. Во нападот, според пријавеното, А.Ф. користел и метален и остар предмет. Сите инволвирани во насилството околу 18 часот и 50 минути се обезбедени и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе им биде изготвен поднесок по член 386 став 3 од Кривичниот законик, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Според пријавителите нападот е апоради нивни претходни недоразбирања.
ас