Тетовските полицајци денес на дело фатиле двајца жители на Тетовско при обид да се направи продажба на хеоин. Акцијата за приведување е изведена на улицата „Боро Вулич“ во Тетово.
-Денеска околу 10 часот и 30 минути, на улица „Боро Вулич“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода О.Д.(48) од Тетово и Р.Н.(48) од тетовско Јажинце. При нивен преглед им бил пронајден хероин, кој О.Д. му го продавал на Р.Н, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
А.С