• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Два амандмани на пратеникот Александар Велјановски за регулација на Вардар и еколошки систем за Југохром одбиени од владејачкото мнозинство на комисиска расправа

04/12/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На комисиска расправа за буџетот во 2021 година  Александар Велјановски пратеникот на ВМРО ДПМНЕ од  Тетово поднесе два амандамни со кои побара реализација на два проекти во тетовскиот регион, но и двата беа одбиени  од владејачкото мнозинство. Првиот амандман беше за регулација на коритото на реката Вардар во должина од 7 километри за да се спречи излевање и поплави на домаќинствата и земјиштето во селата Јегуновце, Раотинце, Копанце, Туденце и Сиричино.

-Вардар целосно го има променето текот од своето природно корито и мора да се интервенира. Побарани се средства во висина од околу 6 милиони евра.  На крајот ги потсетив колегите од СДСМ дека ветуваа дека ќе го блокираат проектот Панорамско тркало во Скопје и парите ќе ги пренаменат за регулација на коритото на Реката Вардар во должина од 7 километри. И покрај тоа што има готов проект, пратениците од коалицијата СДСМ и ДУИ гласаа против овој амандман. Со 8 гласа „против“ и 6 гласа „за“ амандманот не се усвои, изјави Александар Велјановски.

Со вториот амандман тој побара буџетски средства со цел да се постави систем за отпрашување за Југохром.

-Коалицијата СДС и ДУИ го одби и вториот мој амандман со кој се предвидува да се обезбедат средства за набавка на “Систем за отпрашување” за потребите на фабриката Југохром. Со овој систем Југохром нема повеќе да загадува и ќе може да се рестартира. За жал, лесно и брзо забораваат на предизборните ветувања, ветуваа дека ќе го рестартираат Југохром и во 2017 и во 2018 а денес веќе и заборавија што ветиле, истакна Велјановски.

Тој вели дека ќе поднесе уште амандмани во текот на расправата во Комисијата.

 

 

Поврзани објави

Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Следна објава

Три лица осомничени за разбојништвото во Теарце на 22 ноември  

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.