Два случаи на каснување од бездомни кучиња жителите на тетовскиот регион пријавиле во полицијата.
Вчера во 22 часот во полициското одделение Жеровјане, С.А.(69) од тетовското село Милетино пријавил дека во неговото село бил каснат од куче скитник.
-На 19.01.2021 година во 01.10 часот во Полициската станица Тетово, Р.Р.(50) од Тетово пријавил дека на улица „Ѓоце Стојчевски“ бил каснат од куче скитник, информира СВР Тетово.