Во тетовската полиција вчера се пријавени два случаи на каснувања од бездомни кучиња кои се случиле на една улица. Двата инциденти се случиле вчера на улицата „Иво Лола Рибар“ .
-Околу 15.10 часот во полициската станица Тетово, 46-годишната Д.Р. од Тетово пријавила дека на улица „Иво Лола Рибар“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник. Во 16.20 часот, 38-годишната М.Н. од Тетово пријавила дека на ул улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово била касната од куче скитник, информира СВР Тетово.