Нови две лица на 65 и 86 години починале во текот на изминатото деноноќие во тетовскиот ковид центар, информираат од Клиничка болница.
Со тоа бројката на луѓе во тетовскиот регион кои починале поради Ковид-19 во време на пандемијата достигна 342.
-На болничко лекување сега има 43 лица. Има починати две лица и пуштени на домашно лекување, а нови примени се шест лица. Бројот на амбулатнски прегледи е зголемен и достигна 101 лице. Бројката на прегледи само во прва смена ни укажува на тоа дека бранот ќе продолжи и понатаму, ќе има нови болни кои ќе треба да бидат примени на болничко лекување, изјави д-р Гзим Нуредини, координатор на Ковид-центарот.
Од 5.809 тестирање во целата држава а регистрирани се 518 нови случаи на КОВИД-19 од кои 96 во Тетовско. Сега има 662 активни случаи или вкупно 8026.
А.С