• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 24 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Две сестри пријавиле во полиција напад од неколку други женски лица

12/07/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

СВР Тетово информира дека вчера (11 јули) во 1 часот и 30 минути, Б.З.(24) и нејзината сестра Е.З.(20) од Тетово во СВР Тетово пријавиле дека дваесетина минути пред тоа на улица „Радован Цониќ“ во Тетово физички биле нападнати од неколку женски лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (11 јули) во 18 часот го лишиле од слобода 35-годишник од Тетово кој претходно бил пријавен од 64-годишниот Х.В. од гостиварски Градец за „изнуда“, „лихварство“ и „загрозување на сигурноста“. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, информира СВР Тетово.

СВР Тетово соопшти дека 29 годишник од тетовско Камењане вчера (11 јули) во СВР Тетово пријавил дека ноќта (10/11 јули) во двор од фабрика во тетовско Долно Палчиште, сопственост на С.Х.(49) од Камењане, фрлено е стаклено шише со запалива течност кон паркирано моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки. Според пријавеното, шишето не паднало во возилото и не предизвикувало пожар. Извршен е увид и се расчистува случајот.

Педесет и седумгодишната Г.В. од тетовска Вратница, вчера (11 јули) во 8 часот пријавила дека на улица „Гоце Делчев“ во Тетово била касната од куче скитник.

 

Поврзани објави

Вести

Општина Брвеница

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Следна објава

Совети за превенција од пожари- кампања „Лето без пожари“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.