• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Движењето Антикоцкање бара затворање на објектите на игри на среќа се додека не се прифатат нивните предлози за закон во оваа дејност

Според движењето Владата треба да ги систематизира тие 8 илјади вработени во тие објекти со минимална плата.

05/02/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Движењето Анти коцкање од Тетово одржа прес конференција при што побара времено затворање на сите објекти за игри на среќа се до донесување на закон кој ќе предвидува таквите објекти да бидат на 3 километри надвор од населени места. Ова барање го имаат поради двојното убиство и грабежот во казино во Скопје минатата година.

-Од моментот на убиството на двајца млади луѓе при грабежот во Визбегово бараме затворање на сите објекти за коцкање како во Албанија и Косово се до донесување на вистински закон, бидејќи вие самите изјавивте дека ќе ги следите постапките на земјите од регионот, изјави Џемал Абдиу, претставник на Движењето.

Претставниците на Движењето и порачaа на Владата да не го носи предложениот закон за игри на среќа за кој, според нив, претставува игра што не почитува ниту еден човечки стандард.

-Се совпаѓа со изреката „да кажеме дека правиме нешто“ затоа укажуваме дека ова не помага во решавањето на состојбата во која се наоѓаме. Затоа им укажуваме да не тргуваат на штета на граѓанинот. Владата да ги систематизира тие 8 илјади вработени во тие објекти со минимална плата. Вие сте избрани од народот за да го заштитите од тие валкани игри, рече Џемал Абдиу.

Според Движењето државата повеќе се грижи за вработени во објекти за игри на среќа, отколку за невработените.

А.С

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Сопруг и син приведени поради семејно насилство, во јануари поднесени кривични пријави за 5 сторители има и 23 поплаки 

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.