• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 1 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Движењето Беса бара преименување на тетовските средни училишта

Медицинско училиште „Никола Штејн“ да се преименува во „Ферид Мурад“. Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ да се преименива во „Ѓон Бузуку“, земјоделското училиште „Моша Пијаде“ да се именува во „Реџеп Вока“ а текстилното училиште „Ѓоце Стојчески“ да се именува во Хасан Тахсини.

14/10/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Од денес Движењето Беса започнува битка  за преименување на средните училишта во Тетово,  а за тоа ќе постават иницијативата и во општинскиот совет, најавија од партијата на прес конференција во тетовското седиште. Велат дека имаат предлози базирани на претходни иницијативи и барања.

-Медицинско училиште „Никола Штејн“ да се преименува во „Ферид Мурад“. Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ да се преименива во „Ѓон Бузуку“, земјоделското училиште „Моша Пијаде“ да се именува во „Реџеп Вока“ а текстилното училиште „Ѓоце Стојчески“ да се именува во Хасан Тахсини. Овие предлози не се конечни. Ние сме подготвени да соработуваме со училишните одбори, советите на родителите и учениците како и со други политички партии кои се дел од општинскот совет во Тетово со цел да ја смениме оваа понижувачка реалност за нас како албанско мнозинство во општина Тетово.Доколку наидеме на опструкции и потешкотии Беса е подтговена да ги користи сите правни механизми вклучувајќи го и општинскиот рефередум, истакна Хатије Етеми која ја одржи прес конфренцијата.

Таа немаше одговор на новинарско прашање зошто се оди на еднонационални имиња во град со мулетнички карактер како Тетово.

Според Беса за досегашното останување на имињата од претходниот систем вината ја има ДУИ.

-Прашањето за преименувањето на училиштата, плоштадите и булеварите и патиштата во албанските општини продолжува да биде тежок спорт за ослободителните тендерџии на ДУИ. ДУИ на политичката сцена дојде за да направи големи промени но и по 15 години на власт не успеа да смени дури ни едно име и покрај фактот дека секој пат министерствата за образование и градоначалниците на општините беа функционери на оваа партија, рече Етеми.

Според неа апсурд е ситуацијата во која повеќето училишта имаат над 80 отсто ученици Албанци а имаат имиња кои припаѓаат  на времето на комунизмот.

-Изненадувачки е фактот дека никогаш не биле во можност да најдат меѓуетнички консензус за да преземат иницијативи за промена на имињата, но секогаш имаа консензус кога биле во прашање полтиичките пазарања меѓу нив. Затоа оправдувањата дека не е вистинскиот момент и не треба да почекаме други моменти се апсурдни и неоправдани. Вакви иницијативи имаше и порано од советит на средите училишта но и од родителите и учениците но никогаше не успеаа како резултат на ниските пазарања на ДУИ, истакна Етеми.

 

 

 

Тагови: бесапреименувањесредниТетовоучилишта

Поврзани објави

Вести

Апел од СВР Тетово за внимателност поради влажни и замрзнати коловози, задолжителна зимска опрема за возилата

01/12/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово-приведен 24 годишник за најдена марихуана

01/12/2023
Вести

Во двор од основно училиште во Тетово е најден пиштол

01/12/2023
Вести

Kомунални работници го прекинаа штрајкот, насобраниот смет ќе се подигне

01/12/2023
Вести

Во контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници – казни за 11 технички неисправни возила

30/11/2023
Вести

Полицијата расчистува случај – во детска игра со остар предмет повреден малолетник

30/11/2023
Следна објава

По втор пат се организира планинарско-рекреативна акција „Милениумска патека“

Tetovo, MK
петок, декември 1, 2023
overcast clouds
11 ° c
76%
8.23mh
99%
19 c 9 c
саб
14 c 4 c
нед
7 c 2 c
пон
8 c 3 c
вто

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!