Движењето Беса организираше марш низ Тетово кој го предводеше кандидатот за градоначалник Билал Касами заедно со претставници на Алијанса за Албанците. Маршот започна од седиштето на партијата Движење Беса, а заврши на градскиот плоштад.
-Ова е победничкиот марш кој не обединува сите без разлика на на партиската, етничка, верска и друга различност.Со оваа активности ги заокружуваме двонеделните активности за вториот изборен круг кои покажаа дека имаме најсериозна понуда за разлика од од актуелното промашено раководство на Општина Тетово предводено од Теута Арифи. Нашата програма и заложбите за нејзиното менување беа силно прифатени од граѓаните на Тетово кои најдобро знаат како се прави разликата. Како епилог на целата нашата активност се создаде заеднички заклучок дека во Тетово промените мора да станат реалност бидејќи Тетово и тетовци барат промени. Затоа маршираме за победа затоа што Тетово обединува, истакна Билал Касами.
Тој потенцираше дека нивниот опсег се заснова на принципите на добро управување и одржлив општински развој со намера да се достигнат неколку стратешки цели.
-Создавање на безбедна и перспективна средина за живеење со добар приход, регулирана инфраструктура и чиста животна средина. Поттикнување на малиот и средниот бизнис, стимулирање на инвестициски интереси. Обезбедување достапни и квалитетни јавни услуги. Развој на културно историско наследство како и туристички потенцијал, партнерство со граѓаните, истакна Билал Касами.
Во текот на маршот Касами се поздравуваше со граѓаните и ги повикуваше без разлика на својата припадност да гласаат во недела.
Меѓу претставниците на Алијанса за Албанците беше Вулнет Мурсели кој беше кандидат за градоначалник во првиот круг и советниците од двете партии.
ас