• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 9 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Движење Беса во 2022 ќе бара што поскоро да има предвремени парлементарни избори

29/12/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во 2022 година Движењето Беса ќе ги интензивира активностите кои би довеле до предвремени избори, порача денес од Тетово, претседателот на партијата Биљал Касами на последниот брифинг со новинарите при што се зборуваше за актуелните политички случувања. Тој смета дека основа за предвремени избори е изгубениот легитимитет на Владата по локалните избори и недемократските постапки во изминатата година.

-Влада го има изгубено легитимитетот и самиот поранешен премиер  го кажа поради одлуките на владината коалиција. Ние не можевме да го дозволиме постојаниот притисок  во Владата и затоа одлучивме да ја напуштиме. Не ја примија нашата порака и продолжија со недемократски мерки за да останат на власт. Тоа што беше иницијатива за да се руши оваа Влада, ситуацијата со пратеникот беше дополнителен доказ дека нема што да бараме во оваа владина коалиција . Не знам дали некаде се има случено да кога еден пратеник има потпишано за отповикување на оваа Влада за недоверба, 24 часа да не биде достапен. Ако тоа може да му се случи на пратеник кој има имунитет, замислете што може да му се случи на секој од нас обичните граѓани, истакна Касами.

Според него случката со пратеникот е доказ дека сегашните владини партнери по секоја цена сакаат да имаат власт.

-Го информиравме целиот меѓународен фактор и тоа е доказ дека што побрзо треба да има преедвремени избори. Она што се најде во Општина Тетово е дополнителен доказ дека ДУИ што побрзо да биде тргната од власта затоа што за осум години за два мандати таа штета што е нанесена на Тетово и на граѓаните на Тетово е огромна. Само може да замислиме колку е таа штета нанесена на државата и на граѓаните од страна на ДУИ во овие 20 години на власт. Тоа ќе може да го увидиме само во моменто кога ДУИ нема да биде на власт. Кога е дел  од власта таа се штити и немаме можност тоа да го докажеме како што имавме за општина Тетово, истакна Касами.

 ас

Поврзани објави

Вести

Ангел Карапетров : Надминати правните прашања за капелата, до 1-ви септември очекуваме да почне со работа

08/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: Нашата заложба за модерно, европско Тетово нема да престане

08/08/2022
Вести

Одбележани 21 година од убиството на десет бранители кај Карпалак

08/08/2022
Вести

Осветен параклис посветен на Света Петка во Лешок

08/08/2022
Вести

СДСМ Тетово: Разговараме со граѓаните за подобрување на инфраструктуратa, празната реторика ја менуваме со вистиски дела

08/08/2022
Вести

Влатко Ѓорчев : Приемот меѓу луѓето е одличен, а тоа гарантира победнички резултат на ВМРО ДПМНЕ

08/08/2022
Следна објава

УЈИЕ ќе го менторира работењето на Секторот за економски развој на Општина Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.