Генералниот секретар на Движењето Беса, Аријанит Хоџа на прес-конференција информираше дека со Алијанса за Албанците имаат дефинирано договор за соработка и меѓусебна поддршка во вториот круг од локалните избори. Хоџа потенцираше дека според договорот ќе ги повика гласачите на Беса да гласаат за кандидатите за градоначалници на Aлијанса во вториот круг. Исто времено се очекува и обратно партијата Алијанса за Албанците да им посочи на своите гласачи да ги поддржат кандидатите на Беса во општините каде што партијата има кандидат за градоначалник.
-Анализирајќи ги последните случувања на политичката сцена како и застарената коалиција меѓу ДУИ и ДПА, за вториот круг од локалните избори, наметнува јасна позиција на Движењето Беса против старите политики на овие две политички партии кои не видеа принцип на сопствените и против нивната волја се принудени да се обединат за сопствен интерес. Апелираме во вториот круг од локалните избори сите гласачи на Движењето Беса да ги поддржат кандидатите на Алијансата за Албанците, со што ќе помогнат да се порази политиката на ДУИ и ДПА. Бараме и од Алијансата за Албанците реципрочно да ги повика своите гласачи да ги поддржат кандидатите на Движењето Беса во Тетово и Желино“, изјав Хоџа на денешната прес-конференција.