• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 9 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Движење Беса од Боговиње – Во наредните четири години ќе ги решиме проблемите за елементарна инфраструктура

09/10/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На предизборен митинг Движењето Беса ги претстави кандидатот за градоначалник на Боговиње, Фатмир Сабриу и листата со кандидати за советници со носителот Фикрет Шабани. На оваа средба со граѓаните на Боговиње се обрати и партискиот претседател, а воедно и кандидат за градоначалник на Тетово, Билал Касами.

Лидерот на партијата рече дека во Боговиње е составена листа со млади луѓе за советници и градоначалник со кои сакаат да донесат промена во таа општина.

-Не само во Боговиње туку и секаде каде имаме кандидатски листи, неие нудиме чесни кандидати, верници, и луѓе што знаат што е приоритет. Избравме кандидати кои се експерти во профсијата. Кои ја знаат вредноста на семејството, честа и вербата.  На прво место треба да ја вратиме врбата на граѓаните во општината. Кој ја чувствува општината како дом, тој знае. Ветуваме дека ќе има соработка помеѓу градоначалникот и советот. Без да сакаме на овие избори ни се наметнаа неколку теми кои треба да ги говориме на овој изборен процес, на оваа кампања. Во 21-ви век се уште треба да говориме за проблеми со канализацијата, снабдување со вода, елементарна инфраструктура. Ветуваме дека со нас ќе има се и веќе нема да се дискутира за овие теми. Фатмир има задача во наредните 4 години да ги затвори овие теми. Никој да не се замара со вакви ветувања. На следните избори ќе говориме за современи проблеми. Еден сегмент на кој ние ќе работиме е полето на образование. Со тоа ги градиме темелите на нашата иднина. Денес многу наши општини се далеку од економскиот развој што им е потребен, рече Билал Касами.

Кандидатот за градоначалник Фатмир Сабриу истакна дека се подготвени за промени заедно со неговата екипа.

-Сакаме корумпираните политичари да ги замениме со нови. Да воведеме транспарентност, водење политика без корупција, со инвестирања. Јас ќе бидам ваш градоначалник и целосно знам што значи тоа. Градоначалникот треба да работи за тие што го избрале, а не за себе, работата на градоначалникот е да ги здружува а не разделува граѓаните. Задачата на градоначалниокот е да ги детектира проблемите да планира проекти, да обезбеди еднакви улсови за сите да ги реализира своие ветувања. Ние сме подготвени да ги реализираме нашите проекти и соништа на Општина Боговиње, рече Сабриу.

На средбата се обрати и генералниот секретар на партијата Арианит Хоџа.

ас

 

Поврзани објави

Вести

Ангел Карапетров : Надминати правните прашања за капелата, до 1-ви септември очекуваме да почне со работа

08/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: Нашата заложба за модерно, европско Тетово нема да престане

08/08/2022
Вести

Одбележани 21 година од убиството на десет бранители кај Карпалак

08/08/2022
Вести

Осветен параклис посветен на Света Петка во Лешок

08/08/2022
Вести

СДСМ Тетово: Разговараме со граѓаните за подобрување на инфраструктуратa, празната реторика ја менуваме со вистиски дела

08/08/2022
Вести

Влатко Ѓорчев : Приемот меѓу луѓето е одличен, а тоа гарантира победнички резултат на ВМРО ДПМНЕ

08/08/2022
Следна објава

Во тетовската болница прв пат изведена унипорт операција

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.