• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
среда, 17 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Двојното паркирање на тетовските улици меѓу причините за чест сообраќаен метеж, полицијата со илјадници казни само за тој прекршок

07/12/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Возилата кои се паркирани во двојни редови на тетовските улици и булевари се меѓу главните проблеми и причини за создавање на сообраќаен метеж во градот, а за што показатели се и бројот на интервенции на полицијата поради ваквото погрешно паркирање.

За отежнатото движење низ градот сведочат тетовци со видео снимки на социјалните мрежи, а еден таков пример е возење од центарот до станбениот Блок 82 за кои потребни биле 45 минути.

-За 11 месеци годинава биле изречени 2914 мерки кои се однесувале на овој вид сообраќаен прекршок, а било подигнато 1261 возило, најчесто од улиците во централното тетовско подрачје, каде секојдневно е и најголема фрекфренцијата на возила, посебно во периодот од 12 до 20 часот.Минатата 2020 година,пак, вкупниот број на изречени мерки за непрописно паркирање изнесувал 5328, додека 2219 возила биле подигнати и пренесени на наменски определената локација за оваа цел, појаснува Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Само во текот на вчерашниот ден санкционирани и подигнати од „пајак-службата“ биле вкупно 14 непрописно, односно погрешно паркирани возила, најмногу во таканаречени „двојни редови“.

-Со оглед дека претстојат серија поразници овој и идниот месец и дека се очекува и доаѓање на времено вработените од странство, СВР Тетово апелира до возачите да внимаваат каде ги оставаат нивните возила, односно да не ги паркираат каде ќе стигнат и особено не на тротоари, во зона на крстосници и на други недозволени места.Зашто, без исклучок ќе се преземаат потребните мерки и на сите прекршители ќе им се изготвуваат законски предвидените поднесоци, со единствена цел да се обебеди непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, потенцира портпаролот на тетовската полиција.

Поврзани објави

Вести

Николов: Оваа листа на советници е онаа којашто треба да ја добие поддршката на граѓаните и онаа којашто ветува добробит на граѓаните на Тетово

16/08/2022
Вести

Никола Столевски: Гласот на Македонецот во Тетово мора да се слушне во Советот на Општина Тетово

16/08/2022
Вести

Бисера Костадиновска-Стојчевска: Со глас за СДСМ и број еден, гласаме за европско Тетово

16/08/2022
Вести

Битиќи од Тетово: Инвестираме во економскиот и инфраструктурен развој на Тетово, во сабота да гласаме за советничката листа на СДСМ

16/08/2022
Вести

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Владо Мисајловски со повик за поддршка за советничката листа предводени од Ангел Карапетров

16/08/2022
суд
Актуелно

Основен суд Тетово соопшти дека предметот за модуларната болница е распределен кај судија

16/08/2022
Следна објава
Фотографија од предавање во ОУ Симче Настоски во Вратница

Тетовските ученици од полицајци учеа за основните сообраќајни правила

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.