• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Дебата на тема „Инклузија на учениците со аутистичен спектар“ на Универзитетот во Тетово

31/03/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Зголемување на инклузивноста на образовниот систем, вклучувањето на што поголем број деца со посебни образовни потреби во редовно школување и подигување на свеста на целото општество дека децата со атипичен развој се исти во различноста како и сите други деца, се цели на кои Министерството за образование и наука во изминативе не-колку години интензивно работи. Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната конференција „Инклузија на учениците со аутистичен спектар“ во организација на Универзитетот во Тетово.

-Посебните основни училишта ги трансформиравме во основни училишта со ресурсен центар и тие со своите кадровски и материјални ресурси се поддршка на редовните училишта за организирање на образовниот процес на учениците со попреченост кои се таму инклузирани. За оваа цел, ангажирани се 500 образовни асистенти. Односно, услугата образовна асистенција од оваа учебна година повеќе не е на товар на родителите, туку е обврска на државата, за што во 2021 беа одвоени речиси 60 милиони денари, а во 2022 повеќе од 200 милиони денари“, рече Шаќири.

Образовните асистенти им помагаат на инклузивните тимови составени од наставник, стручен соработник и родител кои изготвуваат индивидуален образовен план за ученикот со попреченост и ги прилагодуваат планот и програмата согласно неговите потреби и можности. Дополнително, во соработка со УНДП, во средните училишта се ангажирани 52 образовни асистенти и 5 лични асистенти во 16 општини.

-Во учебната 2021/22 година, во основните училишта се вклучени вкупно 911 ученици со посебни образовни потреби и 312 ученици со посебни образовни потреби се инклузирани во редовните средни училишта. Така што, бројот на образовни асистенти ќе се зголемува, доколку се зголеми и потребата од истите, односно доколку и други родители на ученици од оваа категорија, се изјаснат дека сакаат образовен асистент да биде ангажиран и за нивното дете“,порача министерот.

Тој воедно информираше дека согласно новата Концепција за основно образование учебниците за 1-во и 4-то одделение се адаптирани на потребите на учениците со попреченост, односно испечатени се со Браева азбука, адаптирани и во аудио формат, а развиен е и аудио читач кој може да ги чита наставните материјали на македонски и на албански јазик. За основните училишта со ресурсен центар им се доделени средства од 2.500.000 денари за набавка на опрема и дидактички средства во функција на поддршка на инклузивното образование.

– Оваа учебна година, како и сите други видови на стипендии, така и за учениците со попреченост се зголемени од 2970 денари на 3500 денари на месечно ниво. Ќе потсетам дека во тек е реализација на проектот ИПА проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, во чии рамки доделени се и 471 стипендии, информираше Шаќири.

Организатори беа студиската програма за специјална едукација и рехабилитација на Педагошкиот факултет на Универзитетот во Тетово, во соработка со Институтот за специјална едукација и рехабилитација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.

-Ваквите настани промовираат и ја подигнуваат свеста на пошироката јавност за правата што треба да ги уживаат овие луѓе со различни потреби, како и нивна интеграција во сите области од животот, како што се социјалните, образовните, економските и културните. За оваа подготвеност сведочат организирањето на вакви научни дебати, зголемувањето на финансиските обврски, ширењето на мрежите на различни институции за лицата со попреченост, како и ангажманот на кадар од областа на образованието и рехабилитацијата, исткна на проректорот за настава при УТ, Вулнет Амети на настанот.

Стручни излагања имаа професори од двата универзитети.

ас

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Објавен конкурсот за запишување во средните училишта

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.