За време на викендот од 15 до 18 мај тетовската полиција привела 19 лица кои не ја почитувале мерката за ограничено движење поради епидемијата со коронавирус. Во истиот период за нови 13 лица или вкупно 295 мерки за предупредувања се изречени на граѓани поради не почитување на мерката за задолжително носење на маска на лице.
-Изминатите 24-часа (17/18 мај) евидентирано е дека седум лица во Тетово не ја почитувале одлуката за ограничено движење. Сите кои постапиле спротивно на прописите за време на епидемија според член 206 од Кривичниот законик ќе соочат со соодветна пријава, информираат од СВР Тетово.
За време на викендот 4 лица потпишале изјава за самоизолација, додека 32 добиле решенија за изолација дома со решение од Државен санитарен инспекторат. Полициските службеници во редовните контроли не утврдиле пропусти ја луѓето кои веќе престојуват дома поради изолација или самоизолација.
А.С