• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 7 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Девет нови починати за 24 часа поради ковид-19, тројца болни со тешки хронични болести однесени од Тетово во Скопје

20/08/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Денес во седум часот Ковид центарот во Тетово евидентира најлоши 24 часа во текот на пандемијата со најмногу девет починати и 18 хоспитализирани, а поради сериозни компликации од веќе хронични болести пациенти со коронавирус биле однесени и во Скопје.

-За 24 часа сме имале 209 амбулантски прегледи што укажува дека се уште ќе има нови хоспитализации за жал. 124 хоспитализирани пациенти има во моментот од кои 18 пациенти се нови, како максимум во цела пандемија.  Починатите се сите над 65 години, со коморбидитети. Друг проблем имаме ситуации каде има пациенти со ковид али примарно ние е болести на срцето и други органи, за кои ние моравме да се консултираме во Скопје и вчера имавме транспорт на три пациенти во болницата „8-ми Септември“, вели Д-р Гзим Нуредини од Ковид центарот.

Секојдневните приеми но и пациенти кои на пример се три недели на лекување во болница уште повеќе ја комплицира состојбата во тетовската болница. Сите пациенти имаат други сериозни болести, за кои што требаат добри специјалисти да се третираат.

-Секој ден одиме нагоре со бројките. Ако нема отворена врата од Скопје сами ќе се организираме. Но не е суштина во кревети, не може цела болница да ја блокираме. Имаме инфаркти секој ден, имаме крварење во желудникот и тие ни се потенцијали за умирање. Во хирургија има повредени и не може да се земат сите анестезиолози. Нормално дека ние имаме капацитети, ама не би сакале, немаме намера да се прошириме, ќе видиме ќе биде полошо за тие што се веќе хоспитализирани, па некако да видиме со Скопје да ни отворат врата за може полесно да ги третираме овие што ги имаме, објаснува Д-р Нуредини.

Меѓу 124 хоспитализирани има младо лице на 31 години со прекумерна телесна тежина, а 47 годишно лице е без коморбидитети и е во добра состојба и може да се пушти дома. Од 124 пациенти во болницата околу 90 отсто не се вакцинирани односно 13 имаат примено само една доза доза, три пациенти со две дози.

А.С

Поврзани објави

Вести

Ангел Карапетров: Тетовчани заслужуваат промени-ветуваме работа, заштита на вашите интереси и борба за проекти важни за Тетово

07/08/2022
Вести

Промовиран Лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ на авторите Влатко Милошевски и Зоран Андонов

07/08/2022
Вести

Наумче Мојсовски: Тетово да продолжи да се развива и модернизира, Да гласаме за број 1 да гласаме за европско Тетово

06/08/2022
Вести

За четири часа 46 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

06/08/2022
Вести

Пронајдена дрога во тетовско, приведени седуммина  

06/08/2022
Вести

Промоција на Лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ на авторите Влатко Милошевски и Зоран Андонов

06/08/2022
Следна објава

Намалување на бројките на Ковид починати и хоспитализирани во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.