• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Дека не запира трендот на иселување од државата покажуваат и најновите бројки од уписите во училиштата

18/06/2022
во Вести, Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Најновите бројки од уписите во училиштата покажуваат, дека не запира трендот на иселување од државата.Таков е примерот и со Тетово.

Општината која со градот и неколку рурални места брои вкупно 84.770  жители – и иако е една од поголемите, годинава бележи само 849 запишани првачиња.

 

Статистиката покажува дека децата родени 2016 година кои сега треба да тргнат на училиште биле многу повеќе, но во меѓувреме нивните семејства заминале во странство.

-Според податоците што ги имаме од Управа за водење матични книги пратени до Сектор за јавни дејности,доставија дека деца кои се родени во 2016  и деца кои се родени до 31.1.2017, бројката е 1416 деца. Но нема да значи дека оваа бројка е вкупно, пошто знаеме дека многу од наши деца заминуваат на запад.  До денеска во нашите основни училишта се запишани 849 ученици од кои 705 Албанци,134 Македонци и 10 Турци, изјави Назми Даути, раководител на сектор за јавни дејности.

Луѓето не гледаат дека економската состојба оди на подобро, сметаат дека има лоши владини политики на владеење , а општествениот систем за нив е нефункционален. Ова се само дел од бројните причини зошто луѓето се одлучуваат да емигрираат од Македонија,  велат анкетираните тетовци.

-Младите сега тражат брза заработувачка, унапредување. Им треба малку трпение, малку надеж повеќе да даде власта. Малку и приватните бизнисмени да се поверуваат дека младите сакаат да останат овде. Треба да им се даде една цел, една визија,зошто да останат овде.

-Се е е корумпирано, затоа се иселуваат, се потценуваат квалитетот, се цени нешто друго

-Тренд е на иселување на младите зошто има мали плати, а голема е скупотија е.

-Треба државата да го гледа стандардот, плативе за поубав живот.

Пописот покажа дека Македонија за разлика од пред 20 години има има речиси 200.000 жители помалку. 

Александар Самарџиев за ТВ Алфа

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Вести

Дваесет и седумгодишна тетовчанка пријавила каснување од бездомно куче

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Следна објава

За реставрација на фрескоживописите во црквите нема доволно конзерватори за ѕидно сликарство

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.