• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
среда, 17 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Дел од Тетово наместо шест часа рестрикции по цел ден без водоснабдување

20/12/2021
во Вести
Работа на санирање на дефектот во месноста Лешница

Работа на санирање на дефектот во месноста Лешница

Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во одредени делови од градот граѓаните наместо со шест часа рестрикции се соочуваат со речиси целосен прекин во водоснабдувањето.  Такви проблеми се јавуваат во повеќе делови на градот, а пред се кај становите што се на повисоките катови во зградите.

-Ние четврти ден имаме само по еден час вода дневно. Сметаме дека градот несразмерно е покриен со вода.  Некои имаат постојано, некои немаат вода само во времето за рестрикции, додека некои како нас воопшто немаат. Пуштаат и гасат систем на слепо, најверојатно. На телефон не добиваме информации од комуналното претријатие, велат револтирани жители од станбениот комплекс Блок 70.

Од комуналното претријатие информираат дека се уште се работи на санирање на дефектот појавен повторно на новиот водоснабдителен систем кај Лешница.  Според нив кога ќе се надмине тој проблем ќе престанат и рестрикциите во водоснабдувањето.

-Дефектот на цевководот се наоѓа на 11 километар од пречистителната станица кај село Лисец во правец кон Лешница кон месноста Студена река. Таму има снег од 80 метри и е потребно да се изодат 11 килоемтри низ снег. Од 15 декември забележавме дека се намалува доток од тој систем, од 130 на 80 литри вода во секунда.  При проверка се утврди дека нешто се случува од Студена река. На 17 декември се најде каде е проблемот. На 18 и 19 декември се носеше опрема и материјал, денес се отвори местото каде е дефектот за да се почне со санација. Се надеваме дека што поскоро ќе се санира и ќе нема потреба од рестрикции во водоснабдувањето, информира Љуљзим Шаќири, раководител на работната единица „Водовод и канализација“.

Новиот водоснабдителен систем годинава во неколку наврати имаше дефекти и предизивка отежнато водоснабдување.

-Тој систем е поставен на траса од околу 27 километри целосно низ планински предел. Има десетина места – точки кои се перманенттно во ризик и тешка можност за дефекти.  Во вакви случаи мора да има мерка рестрикции со цел да се опслужат сите граѓани. Се до моментот со решавање на проблемот, но кога ќе се санира ќе нема рестрикции, изјави Шаќири. 

Сега во водоводната мрежа има 160 литри вода во секунда од стариот систем, како и 30 до 40 литри од бунарите.

ас

Поврзани објави

Вести

Николов: Оваа листа на советници е онаа којашто треба да ја добие поддршката на граѓаните и онаа којашто ветува добробит на граѓаните на Тетово

16/08/2022
Вести

Никола Столевски: Гласот на Македонецот во Тетово мора да се слушне во Советот на Општина Тетово

16/08/2022
Вести

Бисера Костадиновска-Стојчевска: Со глас за СДСМ и број еден, гласаме за европско Тетово

16/08/2022
Вести

Битиќи од Тетово: Инвестираме во економскиот и инфраструктурен развој на Тетово, во сабота да гласаме за советничката листа на СДСМ

16/08/2022
Вести

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Владо Мисајловски со повик за поддршка за советничката листа предводени од Ангел Карапетров

16/08/2022
суд
Актуелно

Основен суд Тетово соопшти дека предметот за модуларната болница е распределен кај судија

16/08/2022
Следна објава

Десет возила оштетени за период од три часа на две улици во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.