• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 23 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Деновиве можно е да се пуштат ски-лифтовите на Попова Шапка, шестоседот нема да работи

15/12/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Овие неколку денови од работната недела се очекува да се пуштат во функција ски-лифтовите на Попова Шапка и на тој начин да се овозможи да започне скијачката сезона на овој зимско-рекреативен центар, дознаваме од ЕЛЕМ Турс, државната компанија надлежна за скијачката инфраструктура и двата хотели „Попова Шапка“ и „Славија“. Сепак од таму потенцираат дека одвивањето на ски сезоната ќе биде во зависност од временските услови.

-Скијачната сезона најмногу зависи од временските прилики. Со специјалните возила „ратраци“ е поминато врз патеките и снегот е оспособен за скијање. Во функција ќе бидат пуштени двете жичници „Церипашина“ и „Свети Илија“ како и ски-лифтовите „Аеродром“ и „Ге“. Новата шестоседа жичница нема да биде во употреба, истакнаа во телефонски разговор претставници на ЕЛЕМ Турс.

Сега нема да се издаваат нови сезонски карти за користење на ски-лифтовите и жичниците, а ќе може да се искористат билетите купени минатата сезона кои скијачите не ги користеа со оглед дека немаше снег и не работеа ски-лифтовите.

– Сезонските ски карти за употреба на жичниците и ски-лифтовите од ланската  2019/2020 сезона треба да се активираат во хотел „Попова Шапка“и ќе важат за оваа сезона. Нови сезонски карти нема да се издаваат, потенцираат надлежните од ЕЛЕМ Турс.

На 26 февруари година беше означен официјален почеток со работа на најновата шестоседна жичница на Попова Шапка долж патека од 1391 метри, која се минува со затворени кабини во кои има шест места.

ЕЛЕМ ТУРС подружница Попова Шапка Тетово, располага со два хотела „Попова Шапка” и „Славија” кои се наоѓаат на 1707 и 1780 м. надморска височина. Двата објекти имаат вкупен капацитет од 250 легла. Десетици сместувачки капацитети кои се во приватна сопственост исто така нудат повеќе опции и цени за ноќевања и оброци.

Регионалниот патен правец Тетово-Попова Шапка во должина од 18 километри беше целосно реконструиран во 2019 година.

А.С

Поврзани објави

Вести

Вечерва продолжи да гори боровата шума во близина на тетовско Милетино

22/09/2023
Вести

Тешко повредена 24 годишна тетовка во судир на мопед и автомобил

22/09/2023
Вести

Изгаснат пожарот на борова шума во Тетовско, пожарникарите ќе дежураат на местото

22/09/2023
Вести

Гори борова шума во Тетовско, се гаси и од земја и од воздух

22/09/2023
Вести

Приведени малолетник и 18 годишник за насилство, а 30 годишна жена за разбојништво

22/09/2023
Вести

Тетовската библиотека доби ветување од Министерството за култура за реновирање на предложените простории и дополнително место за книгите

22/09/2023
Следна објава

Колективна ревијална изложба „Зимски салон 2020“ на Здружението на ликовни уметници на град Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!