• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Деновите од викендот значат најмногу работа за ски патролата за спасување на Попова Шапка

30/01/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Активностите, спорт и туризам на отворено секогаш значат опасност од повреди, па затоа на ски центарот Попова Шапка секојдневно има работа за службата за заштита и спасување на планина и непристапен терен „Асклепиј“. Оваа служба за деновите од викендот има десетина случаи на кои интервенира и им помага или ги спуштаат повредените луѓе од патеките до одредни безбедни места во ски-центарот.

– Повеќе причини за да дојде до повреди, а ќе ги има се додека постојат активности, спорт и туризам на отворено. Тоа е еден момент кој му дава и атрактивност на овој спорт или туризам. Никогаш нема да се елиминираат повредите меѓутоа ова го зборувам како вовед, бидејќи не можеме да кажеме дека само неискуството и неопременоста или незнањето.Некогаш имаме повреди кај врвни скијачи со одлична опрема заради несоодвено проценување на условите кои владејат на патеката и сопствената подготвеноста, можеби замор, стрес, објаснува раководителот на службата Константин Циривири.

Бројот на повреди што ги имаат во текот на еден ден е зависен и условен од временските прилики, број на посетители во скијалиштето, степен на обработка на патеките и слично.

-Во една сезона во едно скијалиште во Попова Шапка имаме помеѓу 300 и 400 повреди. На дневна основа имаме најмногу повреди во деновите од викендот затоа што имаме најголема посететеност, но и во работни денови ако има влошување на подлогата на патеката. Во просек во деновите од викенд од осум до десет повреди, од кои две до три се повреди кои бараат итен медицински транспорт, рече Циривири.

Патролерите имаат две основни задачи- да делуваат превентивно во делот на безбедноста и да интервенираат кога ќе се случи одредна несреќа. Тие се првите и последните кои треба дојдат и заминат од скијалиштата.

-Наутро денот почнува со проверка на ски патеките и заштитна опрема на патеките, два часа тренинг, во зависност од оптеретеност на скијалиштетото со гости и потоа редовно патролирање, се до крајот на денот. Патролерите се последните што ги напуштаат ски патеките, тоа го нарекуваме чистење на патеките, после нас не би требало да останат скијачи, потенцира искусниот планинари и спасител.

Тој ја пренесува случката од пред три недели при скршеница на потколеница на 13 годишно девојче, кога впечаток му оставил степенот на смирност кај таткото.

-Тоа беше искусен скијач и активен во спортови на отворено. Беше критична ситуација затоа што имаше многу лоша видливост надвор од ски патеките, тој и братчето беа смирени и знаеја како да се вклопат во задачите на ски патролата целата таа  ситуација се изведе на многу поедноставен начин. Тоа е тоа што нам ни остава впечаток. Имаме незгодни повреди, оперативен третман. Нам не импресионира кога има висок степен на култура, потенцира Констатин.

Членот на службата Драган Илиевски задолжен за употреба на технологија при трагање на изгубени во планина раскажува како пред неколку недели заедно со вработените во ски центарот ги бара и наоѓаа скијачите кои се загубија поради магла.

-Добивме повик дека има изгубени скијачи, надвор од ски патеки и со комуникаци и навигација дојдовме до нив и ги вративме. Некои од нив имаа саати или телефони со ГПС и ја кажаа нивната координата што е нормално и ние имаме такви справи и ГПС и саати,  па успеавме да ги најдеме. Другите што немаа со викање, ваму сум, гледам тоа-ова, отприлика успеавме да комуницираме, некои од нив со укажување од нашата страна се спуштија до ски патеките. Се потценува времето, иако има магла.  Да се држат до зимска маркација, означаеност на патеките и да не се оддалечуваат од безбедни места, има СОС телефон, на секој ски лифт и до инфо поентите, вели Драган Илиевски.  

Ски патрола Асклепиј постои од 2005 година за потребите на ски центарот Кожуф каде работеле до 2013 година. Потоа работат на Попова Шапка и Маврово. 

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Тетовската секција на Дирекција за заштита и спасување на Шар Планина спасуваше повреден планинар

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.