• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Денот на ослободување на Тетово по долго време ќе се одбележи со пригодна свеченост

15/11/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Сојузот на борците од НОБ од Тетово и граѓаните продолжувачи најавуваат дека после долг период Денот на ослободувањето на градот 19 ноември ќе се одбележи со пригодна свечесност, наместо досегашната практика со положување цвеќе пред Споменикот на револуцијата. Свеченост ќе биде во пресрет на Денот на ослободувањето, во понеделник 18 ноември во вечерните часови. Паролата е “75 години слободно Тетово-заедно да ја славиме храброста, непокорот и слободата на нашиот град.

-После долги децении Тетово достоинствено ќе го одбележи 19 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. Бидејќи Тетово е заедничко за сите тетовчани, се организираме самоиницијативно без разлика на нашата возраст, занимање или пак општествени и политички погледи, за заедно да ја славиме храброста, непокорот и слободата на нашиот град и народ.На предвечерието на славното ослободување, на 18.11.2019 година во НУ Дом на култура „Иљо Антески – Смок“ во центарот на Тетово ќе се одржи уметнички перформанс со почеток во 19 часот. Претходно, во 18:30 часот ќе биде отворена изложба на портрети на борците од НОБ – уметнички дела на академскиот сликар Павле Кузмановски, најавуваат организаторите.

Следниот ден, вторник 19 ноември пред Споменикот на револуцијата во Тетово ќе биде одржана свечена церемонија со полагање свежо цвеќе.

 

 

 

Тагови: 19 ноемвриослободувањеТетово

Поврзани објави

Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Вести

Платите на вработените во Општина Тетово ќе се зголемат за 2800 денари најави градоначалникот Касами

24/06/2022
Вести

СВР Тетово: Пајак службата ќе работи еден час повеќе односно до полноќ

23/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово во недела ќе има меѓународен турнир во шах

23/06/2022
Вести

Приведени две лица од Мала Речица и Тетово, од келнер со измаме зеле 18 илјади денари

23/06/2022
Следна објава

Претставници на ОУ „Прпарими“ од Голема Речица на Еразмус плус програма во карипскиот остров Мартиник

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.