Тетовската полиција бележи два случаи на каснати од бездомни кучиња. Во едниот нив каснато било дете, а случајот го пријавил таткото.
-Четириесет и тригодишниот тетовец Б.А. вчера (1 март) вчера во 14 часот и 30 минути во СВР тетово пријавил дека на улица „Димо Гавровски-Кара“ во Тетово неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник, информира СВР Тетово.
Втората пријава е исто така вчера. 52-годишната Л.Н. во СВР Тетово пријавила дека во парк на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово била касната од куче скитник.
ас