• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Детска ликовна работилница расадник на нови уметници

Оваа работилница се покажала како значајна основа за насочување на децата како ученици во средното образование.

28/10/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Пет години по ред се организираат работилници во Тетово за деца каде што тие може да ги стекнат основите на ликовното сликање, фотографирањето и филмот. Некои од децата ја засакале уметноста до толку што дури и се одлучиле да го продолжат и своето образование во оваа сфера. Оваа работилница се покажала како значајна основа за насочување на децата како ученици во средното образование.

-Дваесетина деца излегле од тука со голема заинтересираност да учат и практикуват уметност па како ученици се запишале во средното уметничко училиште.  Двајца од нив се веќе се запишани и на Уметничката Академија, вели Славчо Максимовски, ликовен уметник.

Тој заедно со и Глигор Кондовски, кој е активен во сферата на филмот и фотографијата, ги обучуваат децата. Значајна е поддршката која ја добиваат од Музејот на тетовски крај и директорот Миќо Стојчевски, со оглед дека таму се одржуваат работилниците.

-Дечињата ги учат основите на ликовното сликање, а секоја година се реализира и годишна изложба од сите сработени дела. Часовите ги држиме во Музејот на тетовскиот крај, а последниот период  на отворено заради ситуацијата со корона кризата. Децата ја истакнуваат својата креативност. Учиме различни техники за цртање и сликање за деца од различни возрасти, почнувајќи од 9 години па натаму, вели Славчо Максимовски.

Сите учесници на работилницата учествуваат и организираат годишна изложба. Во септември годинава дел од децата се претставија и на изложба на слики со православна тематика која беше дел од фестивалот на духовна музика ТЕХО.

А.С

Поврзани објави

Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Вести

Платите на вработените во Општина Тетово ќе се зголемат за 2800 денари најави градоначалникот Касами

24/06/2022
Вести

СВР Тетово: Пајак службата ќе работи еден час повеќе односно до полноќ

23/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово во недела ќе има меѓународен турнир во шах

23/06/2022
Вести

Приведени две лица од Мала Речица и Тетово, од келнер со измаме зеле 18 илјади денари

23/06/2022
Следна објава

Започна аплицирање за ученички стипендии, воведени нови категории за техничките струки

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.