• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Дигиталната платформа за поврзување на старт-ап компании претставена во Тетово

17/12/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово со хибриден караван и активна дебата беше претставена дигиталната екосистем плaтформа во организација на Стартап Македонија. Целта е го поврзување на старт-па компаниите во еден систем.

-Денес сме тука како дел од стартап караванот кој го организираме во рамки на програмата на Стартап Македонија за поддршка на деловниот еко систем поддржан од УСАИД, креиравме дигитална платформа која овозможува на стартапите да се поврзат и да ги добијат сите информации како што се акцелерациски програми, евенти, пристап до финансирање и разни други случувања кои се достапни во државата. Се трудиме да ги поврзе сите ресурси и иницијативи кои се во земјава за да може да им помогне на стартапите како еден од двигателите на економијата во земјата, изјави Игор Маџов, програмски директор на Стартап Македонија.

Денешниот настан ги собра на едно место сите компании кои се дел од Технолошкиот парк при УЈИЕ. Сите добија бесплатно премиум членство и ќе може да го тестираат начинот на кој ќе се поврзат со инвеститори, како да се поврзат на странски пазари и ментори кои ќе им помогнат во развој на бизнисот.

-Ние сме едни од основачите на Стартап Македонија и тие се наш стратегиски партнер во политиките за креирање и развивање на стартап бизнис и стартап деловниот еко систем.  Инаку Технолошкиот парк своите уникатни услуги ги стави на оваа платформа, да да им помогне на стартапите од овој регион но и од цела Македонија и веќе имаме клиенти и потенцијални клиенти што ги користат овие услуги. Така да јас би им препорачал на сите стартапи кои што се се уште не се регистрирани на платформата да ги се регистрираат час поскоро за да можат да ги добијат сите бенефити кои што ги нуди од аспект на настани, програми и активности кои што можат да им помогнат во растот на нивниот стартап, изјави Ѓорѓи Рафајловски, оперативен директор во Технолошкиот парк при УЈИЕ.

Караванот освен во Тетово ќе  биде и во повеќе градови како Гоствиар, Велес, Струмица, Битола во хибридна форма и онлајн и со физичко присуство.

А.С

 

Поврзани објави

Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Вести

Платите на вработените во Општина Тетово ќе се зголемат за 2800 денари најави градоначалникот Касами

24/06/2022
Вести

СВР Тетово: Пајак службата ќе работи еден час повеќе односно до полноќ

23/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово во недела ќе има меѓународен турнир во шах

23/06/2022
Вести

Приведени две лица од Мала Речица и Тетово, од келнер со измаме зеле 18 илјади денари

23/06/2022
Следна објава

Али Ахмети доби титула Doctor Honoris Causa на Универзитетот во Тетовo

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.