• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Дигитална форма доби книгата „Народни песни од Тетово“ од 1972 година

14/03/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Книгата „Народни песни од Тетово“ доби дигитална верзија во рамки проектот „Дигитализација на тетовското наследство“ на хроничарот Дарко Гавровски неговата интернет страница „Го Љубим Тетоо“ и Културно уметничкото друштво „ Иљо Антески-Смок“.

Оваа книга со 33 староградски тетовски песни е издадена 1972 година по повод 50 години од формирањето на КУД „Иљо Антески-Смок“, а издавањето на дигитална верзија е дел од стогодишниот јубилеј на друштвото што годинава треба да се одбележи.

-Оваа песнарка овде сега ја правиме достапна за сите сегашни и идни пеачи, групи, хорови, но и сите тетовчани за пеење со мерак со друштво на слави, ѓезмиња и теферичи, вели Дарко Гавровски.

Во 1972 година книгата е создадена од Андро Апостолски кој направил мелографирање на песните, додека средување на песните и подготовка за печат писателот Јован Дамјановски. Илустрацииите се на уметничкиот сликар Павле Кузмановски, а предговорот тогаш го напишал Тодор Скаловски.

-Идејата потекнува од Дамјановски и Апостолски, тогашни членови на хорот при КУД „Иљо Антески Смок” кои за таа намена најпрвин ја снимале изведбата на секоја од овие песни од старата градска песнопојка Трајанка Симова (почината 1978) од населбата Дол, изјави Дарко Гавровски.

Јубилејот 100 години постоење, наследство, традиција, култура и уметност на КУД „Иљо Антески Смок и VII – Меѓународна културна манифестација „Денови на Иљо – 2022“ ќе се одржи од 12 до 24 мај 2022 година.

Линк до дигиталната форма на книгата тука. 

ас 

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Владата тврди дека има доволно брашно и дека се спречува профитерството во трговијата во време на криза

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.